Видео: Објавена снимка од апсењето на убиецот Урош

Припадниците на српската полиција го уапсија Урош Б. кој уби осум лица и застрела 14 на различни локации низ Србија.

Урош е осомничен дека најпрво во селото Мало Орашје со огнено оружје убил пет лица и ранил шестмина, по што тргнал кон Дубона каде што убил уште три лица и повредил осуммина.

Полицијата при претресот на неговата викендица пронашла пиштол, ловечки нож и други оружја, 164 куршуми од различен калибар, како и повеќе кутии со муниција за пиштол.