(Видео) Нови тензии во Косово: Полиција со солзавец растеруваше граѓани

Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои неколку пати се обидоа да влезат во зградата.

Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите.