(ВИДЕО) Нов 210 метри сопствен ЛЕД екран - Омерагиќ најави исчекор кон современите стандарди во македонскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го подигна стандарот на стадионите со новата инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри.

Целта на оваа инвестиција е да го подобри искуството за публиката, да ја зголеми видливоста на партнерите и да создаде модерен спортски амбиент.

„До сега, рекламите на стадионите во Македонија се поставуваа само на дрвени табли. Со оваа инвестиција правиме голем исчекор кон современите стандарди. Сè е изведено без изнајмување, со јасна визија“, објаснува првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Тој истакна дека исполниле уште едно ветување, како и дека ова претставува уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија.

„Фудбалот на 1 место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ во објавата на Фејсбук.