ВИДЕО: Неверојатни промашувања на Пандев на мечот со Израел

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на италијанскиот калчолигаш Џенова, Горан Пандев се трудеше навистина многу на вчерашниот дуел со Израел и даде се’ од себе, но сепак не придонесе директно за Македонија да го избегне поразот.

Она што некогаш за Пандев беше само лесна реализација, сега веќе не е така. Поранешниот фудбалер на Лацио, Интер и Наполи имаше две одлични шанси да го отвори резултатот на мечот, но и двете ги промаши.

Во првиот обид фудбалерот на Џенова шутираше со левата нога од пред шеснаесетникот, но не погоди, додека во вториот наврат доби фантастична топка од Алиоски, излезе пред голманот, но неговиот удар наместо во мрежата заврши високо над голот.