(Видео) Несреќа во Босна: Дете висеше од жичара на планина, па паднало на земја

Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.

Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.

Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.

Планинарската служба потврдила дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.

Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.