(ВИДЕО) Некои животни уживаа, а некои за првпат видоа снег - еве каква била атмосферата денеска во Скопската зоолошка

Од Зоолошката градина Скопје (Скопје ЗОО) споделија кратка видео-објава на Фејсбук од атмосферата меѓу животните по денешниот снег.

„Првиот снег во Скопје ЗОО. Некои животни уживаа, а некои за првпат видоа снег, велат во објавата од Скопската зоолошка.

Сепак, како што истакнаа, речиси сите животни одбрале да излезат и да ја почувствуваат белата снежна покривка.