Видео: Негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат...древна земјо македонска!

ЗАВЕТНА - ПЕПИ БАФТИРОВСКИ

Негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат,

гроб со гроба ќе покријат

само ти си бесмртна, жива вода подземна

кај што тонеш ти извираш.

Векови, пеколни, заедно ќе минеме

древна земјо македонска,

така е пишано ништо да не бидеме,

ти без мене, јас без тебе.

Може да те одречат,

други да те предадат

можат сешто да измислат,

само ти си бесмртна, жива вода подземна,

кај што тонеш ти извираш.

Векови, пеколни, зедно ќе минеме,

древна земјо македонска,

така е пишано

ништо да не бидеме,

ти без мене, јас без тебе.