Видео: Млади скопјани се „покажуваат“ со возење на хауба низ скопските улици

Дивеењето низ скопските улици и булевари како да стана навика или метод за „покажување“ на социјалните мрежи. По толку многу несреќни случаи и изгубени животи, младите како се уште да не ја сваќаат сериозноста на тоа колку е важно да се биде внимателен во сообраќајот.

Тоа последно го покажува и видеото подолу во прилог, кое неколку дена кружи низ социјалните мрежи, а на кое може да се забележи како група млади се возат излезени од колата, односно каде едниот од нив е качен на хаубата на возилото.