
Актуелниот градоначаник на општина Бутел и кандидат за уште еден градоначалнички мандат Дарко Костовски се пофали со новиот мега парк во населбата Радишани кој се простира на површина од 10 000 метри квадратни, а прокетот беше реализиран за време на неговиот мандат. Истиот беше дел од предизборната програма на минтатите локални избори.
- По повеќе децении празни ветувања едно од најголемите барања на жителите на населба Радишани е реалност. Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4 000 м2. Големо детско игралиште за најмалите со модерни реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот. Целиот парк е осветлен со модерно лед осветлување. Паркот има и голема површина на зеленило кое се протега на 6 000 м2 за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување, информира Костовски.
Вкупна вредност на проектот е 19.993.529,00 денари.
- Моите сограѓани го добија тоа што го чекаа со децении. Убеден сум дека ова ќе биде ново централно место во населба Радишани на кое сите ќе се собираме и ќе се дружиме. Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои граѓаните на општина Бутел ги заслужуваат! - порачува Ксотовски.