Видео: Медитација за регенерација и полесно заспивање

Ако имате проблеми со спиењето, не сте единствени. Дури 30-35% од светската популација се соочуваат со овој проблем.

Голем дел од луѓето се соочуваат со проблеми со спиењето, особено во овој неизвесен период поврзан со коронавирусот. За многумина од нас, ваквите проблеми се поврзани со стресот. Тоа е така бидејќи стресот предизвикува анксиозност и напнатост, што прави потешко да заспиеме. 

Но, медитацијата пред спиење може да ни помогне да го решиме ваквиот проблем. Ова е едноставна техника за опуштање која не бара преголем напор, а која ќе го смири вашиот ум и тело и ќе ги подготви за добар сон.