Пред два дена во близина на манастирот „св. Петка“ во под пелистерското село Брајчино туристи забележале и пријавиле дека има фатена мечка во стапица.
На профилот на Националниот парк Пелистер беше објавено дека веднаш пристигнале ветеринарни екипи и планински спасувач кои ѝ помогнале на мечката.
-Веднаш биле повикани ветеринарни екипи, Перо Стојчевски и Александар Алексов, ветеринари од Битола и Ресен, заедно со планинскиот спасувач Петар Нолев, кои се упатиле на лице место каде со пушка за успивање и соодветна анестезија ја успија мечката. Следуваше третирање на раните, се стави ушна маркица, потоа беше ослободена во природа, објавија од Националниот парк.
На ветеринарниот доктор Перо Стојчевски од Ресен ова му е второ спасување на мечка.