Видео: Масовна тепачка меѓу средношколци од две белградски гимназии

На социјалните мрежи се појави видео од тепачка меѓу средношколци во Звездарска шума.

Српските медиуми објавија дека станува збор за матуранти од две белградски гимназии.

Директорите на Шестата белградска гимназија, Радислав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија, Мирослав Маркиќевиќ не знаат која е точната причина за тепачката, но најавија дека ќе го истражат случајот.