Видео: Маричиќ во „љубовен поход“ среде Собрание - Испраќал бакнежи и намигнувања кон Дафина Стојаноска, таа му возврати дека е „лигав“

Кавга попладнево во Собранието за време на седницата за пратенички прашања. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска,  го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал.

- Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?! И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? – реагираше нервозно Стојаноска.

Кавгата со Маричиќ подоцна продолжи и на личниот Фејсбук профил на пратеничката Стојаноска:

- Бакнежи и намигања – дома!!! Срам за двете знамиња позади!!! Срам за машкиот пол!!! Позади камера е лесно да си мачо-мен. Лигав вицепремиер, напиша Стојаноска на Фејсбук.