Видео: Манчестер Јунајтед со моќно видео го претстави Суперкуп-спектаклот во Скопје!

Преостануваат уште два дена до најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава – Суперкупот на УЕФА кој го сочинуваат гигантите, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. 

На 8 август нашиот најголем стадион, „Телеком арена“ ќе биде домаќин на освојувачот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а овој настан со моќно видео на својата интернет страница го претстави и англискиот великан. 

Во Скопје Јунајтед ќе допатува со сите свои ѕвезди, во ростерот на Мурињо ќе бидат новите засилувања, Лукаку, Матиќ и Линделоф, додека поради суспензија надвод од стројот ќе бидат Фил Џонс и Ерик Бејли. Почетокот на мечот е закажан за од 20.45 часот.