(ВИДЕО) Мало срнче кое било нападнато од бездомно куче на планината Баба, спасено од вработени на Националан парк „Пелистер“

Мало срнче, кое било нападнато од бездомно куче, е спасено на планината Баба Планина.

Од ЈУ Национален парк Пелистер на социјалните мрежи информираа дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничкото одделение, и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мало срнче кое било нападнато од бездомно куче.

Подоцна, со помош на емитување звуци, тие успеале повторно да го спојат срнчето со неговата мајка.