ВИДЕО: Македонските навивачи неуморни, ентузијазмот не стивнува – ечи „Дирлада“

Македонската фудбалска репрезентација вчера го забележа вториот пораз на Европското првенство против селекцијата на Украина.

Деби настапот на фудбалерите на ова големо натпреварување и покажа на Европа и какви навивачи стојат зад фудбалската репрезентација. Неуморни, полни со ентузијазам и поддршка, македонската фаланга не стивнува.

Иако третиот натпревар од групата, Македонија ќе го игра во Амстердам, улиците во Букурешт се уште се обоени во црвено-жолта боја.

Групата Меморија на Фејсбук објави видео на кое се гледа и слуша како нивната „Дирлада“ вчера ечела во Букурешт.