(ВИДЕО) Македонскиот Роки: „Чудото од дете“ продолжува со своите успеси

Нема човек во Македонија кој не слушнал за Кристијан Воденски, чудото од дете кое потекнува од с.Русиново, но долги години живее во Германија.

Воденски во минатото се прослави со одличните борби во различни спортски дисциплини како кик-бокс, граплинг, џиу џицу и други спортови во кои најчесто беше на највисокото место на пиедесталот, освојувајки ги златните медали во дисциплините во кои настапуваше под македонското знаме.

Овие успеси беа доволни тој неколку пати по ред да се закити со наградата за „Најдобар млад фајтер во Германија“, признание кое му донесе многу спонзори и обожаватели ширум светот.

Кристијан Воденски не застанува со својата секојдневна работа и продолжува како Роки да тренира и во природа, макар имало и снег.