Амбасадата на Германија го прослави Денот на обединувањето со прием на кој гостите ги дочека невообичаена изведба на македонската и на германската химна во рок верзија.

Куќата на уметноста „Карев“, центарот за креативно живеење „Парк“ и Ромската рок школа приредија возбудлива музичка презентација на химните која беше дочекана со долг аплауз и со извикувања браво.

„Единство на нов начин“, беше пораката од амбасадата околу идејата за овој настап.