Видео: Македонката Лора Пеливанов на 15 години „растура“ кошарка во САД во Ситадел Феникс

Македонската јавност не знае дека ние како држава имаме девојче кое на 15 годишна возраст игра кошарка во САД во Ситадел Феникс. Нејзиното име е Лора Пеливанов каде и покрај возраста се надигрува со 17 и 18 годишни девојки. Ваквата информација на социјалните мрежи ја објави Игор Филевски.

„Да, Лора е блескава во екипата каде игра со 17 и 18 годишни девојки. Можеби е најмала по возраст, но за неа веќе сите знаат таму. Дали ние знаеме? Епа еве, ви ја претставувам Лора, накратко. И многу сум горд Македонец што гледам ваков талент во срцето на светскиот баскет. Владко Пеливанов верувам дека си горд родител и најсреќен на светот. А чув дека Лора и на последниот натпревар "растурила" пак, со 14 поени, 9 скока и 1 асистенција. И давај информации. Лора е дијамантче кое и Македонија треба го запознае и да го негува“, напиша Филевски на неговиот Фејсбук.