
Несекојдневна сцена беше забележана во скопската населба Аеродром, каде магаре без сопственик мирно се движеше по булеварот „Трета македонска бригада“.
Животното во мирен чекор се движеше меѓу автомобилите, привлекувајќи го вниманието на возачите и минувачите.
Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а засега не е познато од каде потекнува магарето и дали е пронајден неговиот сопственик.