
Откако Скопје Инфо објави пред неколку дена за купишта отпад на автобуска постојка во Хром, како и за тоа како револтиран граѓанин од Хром се жали за несобраниот отпад и ја повикува градоначалничката на Град Скопје, денес наидовме на видео на социјалните мрежи, на кое пред два дена друг револтиран граѓанин снима купишта ѓубре спроти зградата на МРТ.
Станува збор за видео во кое се гледа како место покрај игралиште во населбата Крњево е претворено во „мини депонија“ и кое се наоѓа при влезот во централното подрачје на главниот град.
„Слушам ќе имало репортажа за Крњево.Ова видео само како допуна. Објекти се градат, не поштуваат правила и прописи. Излегуваат од ДУП.Оградите на објектите обраснати со трава или боцки т.н џандари. Игралиштето за деца исто обраснато со џандари. Овој ќе троши наши пари за филувана репортажа. Викни ги и ова да го снимаат. Улици без ореливни шахти. Писти за фирмула 1. Одвај чекаме избори па да те узбетеме тебе“, гласеше натписот под видеото на револтираниот граѓанин кој го прозва градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.