(Видео) Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите

Снимен крадец кој крадел пари од икони во црквата „Свети Никола“ во Катланово, а ТВ Стар објави видео од кражбата. 

Дрзок крадец минатата недела ограбил црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје, а целата „операција“ била снимена од црковна камера.

На снимката се гледа како крадецот влегува сам, внимателно ги разгледува иконите и собира пари оставени од верниците за здравје, по што мирно ја напушта црквата.