Видео кое ќе ви го стопи срцето: Слеп слон танцува на звуците од пијаното

Британскиот музичар Пол Барон однел пијано во едно живеалиште за слонови во Ванг Донг во Тајланд . Тој започнал да свири класична музика на своето пијано и бил изненаден од реакцијата на една од слониците.

Таа почнала да се ниша на звуците од музиката. За неа, тој ги свирел Шопен, Бах и Шуберт.