Видео кое ќе ви ги освои срцата: Нежноста на мајката горила по нејзиното породување

Откако во текот на минатата година, утврдиле дека таа чека бебе (со помош на човечки тест за бременост), горилата Калаја роди син во зоолошката градина во Вашингтон. Породувањето е дочекано со големи одушевувања бидејќи последен пат  тоа се случило пред 9 години.

Но, она што е интересно е однесувањето на мајката по породувањето. Таа го чисти, го гушка и веднаш го засакува своето дете.