Видео: Како Скопје стана Атина на Фокс ТВ?

Во видео прилог за тоа како светот ги обои објектите во боите на Париз, во знак на поддршка по терористичкиот напад, Фокс ТВ покажа кадар од Археолошкиот музеј. Покрај Брандербуршката порта во Берлин, Опера хаус во Сиднеј, статуата на Исус во Рио де Жанеиро... во еден момент на снимката се гледа и Археолошкиот музеј во Скопје, кој за водителот на Фокс е - музеј во Атина. Гафот при крајот на втората минута од прилогот.