ВИДЕО: Како се повреди Кире Лазаров?

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се здоби со повреда на дуелот против Шпанија и продолжението од Европското првенство (ЕП) за него е под знак прашалник.

Капитенот на репрезентацијата ја напушти играта во 11. минута, поради повреда на задниот бутен мускул.

Лазаров со болна гримаса, потскокнувајќи, ја напушти „Вараждин Арена“, а деталните лекарски прегледи, кои се закажани во текот на денешниот ден, ќе ја дадат сликата околу состојбата на нашиот најдобар ракометар.

Раул: Не верувам дека Лазаров ќе може да игра

Македонија се соочува со огромен хендикеп во пресрет на двата преостанати меча од групата во Вараждин на ЕП во Хрватска, бидејќи, најверојатно, Кире Лазаров не може да игра.

Тоа беа зборовите на селекторот Раул Гонзалес, на прес-конференцијата по поразот од Шпанија (20-31).

„Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревари. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече селекторот.

Лазаров се повреди уште пред средината на првиот дел со Шпанија, а проблем беше, по се изгледа, десното колено, бидејќи држеше вреќичка мраз на него, на клупата.