Видео: Како реагираше Синиша кога на прес во Скопје заѕвони мобилен со хрватска песна

Се работи за прес конференција по повод квалификациски меч за СП 2014 меѓу Македонија и Србија. Македонска новинарка, инаку позната на редакцијата, заборава да го стави мобилниот на сајлент и наеднаш под нос на Михајловиќ се слуша песната „Далмацијо моја ружа процвала“.

Ниту беше провокација, ниту Синиша тоа го сфати така. На новинарката, која инаку стана да се извини, мобилниот и заѕвони со таа песна, бидејќи има симпатии кон Хрватска. Михајловиќ е људина, се насмеа, ја потпевна песната и ја воодушеви цела сала со реакцијата.