Видео: Како ќе изгледа спортско-рекреативниот центар „Бранители“?

Општина Бутел најави дека ќе се изгради спортско-рекреативен центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски пат и истото ќе се протега на 5.000 м2.

Градоначалникот на општината, Дарко Костовски објави 3Д анимација од тоа како ќе изгледа новиот спортско-рекреативен центар.