(Видео) Како функционира бесплатниот јавен превоз на 40 километри од Скопје?

Жителите на Град Скопје сè уште го чекаат бесплатниот превоз кој го ветуваше градоначалничката Данела Арсовска, додека во Куманово веќе постои таква услуга за граѓаните.

Општина Куманово реши пред крајот на минатата година да воведе бесплатен јавен превоз за граѓаните, а градоначалникот Максим Димитриевски излезе на терен за ја тестира услугата.

Димитриевски притоа разговараше со работници, ученици, пензионери и студенти кои редовно ја користат услугата.