Нов алтернативен рок бенд почна да го освојува македонскиот етер.
Lincoln Letter е алтернативен рок бенд од Скопје. Во моментов го завршуваат својот деби албум, кој ќе излезе во декември оваа година. Нивната музика е инспирирана од музиката на вестерн филмовите, отсвирена во современ рок формат.
Нивниот стил е силно фокусиран на раскажување приказни низ музика чија цврстина и додава вредност на самата прказна. Оваа недела во Public room го промовираа спотот за својата прва песна.
Видео записот за песната “The Man Who Became Legend" е вестерн приказна за Лојд Синклер, сиромав фармер на пат да стане херој. Со одмазда и едно ветување на ум, тргнат е во потрага по озлогласените разбојници - браќата Џонсон.
Преку него ја прават најавата за албумот кој се очекува да биде издаден во декември. Lincoln Letter се: Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски.