ВИДЕО: Како беа фатени професорите на Економскиот факултет во Скопје со мито од 1000 евра

Еден од осуммината осомничени во акцијата на МВР под кодно име Еразмус бил фатен со кеш од 1000 евра за кое обвинителството го сомничи дека го добил како мито. Во соопштението кое утрово го објави Основното јавно обвинителство се вели дека освен пари, осомничените професори барале и сексуални услуги од студентите во замена за положување на испит.

Станува збор за 6 професори на Економскиот факултет во Скопје, еден демонстратор и управителот на студентското бифе.
Од полицијата не откриваат повеќе детали на кој начин се вршеле незаконските дејства и како студентското кафуле било вмешано во нив. 

Студентите на социјалните мрежи веќе пишуваат за разработена шема во која од нив се барало да оставаат пари во бифето или скапо да ги плаќаат книгите кои ги издавале некои професори.

Повеќе детали ќе соопшти Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на прес конференцијата која е закажана за денеска во 13 часот во МВР.