(ВИДЕО) Кадри од старо Скопје во спотот за легендарниот евергрин „Чија си“

Како изгледало Скопје пред неколку децении? Убаво, со носталгија се сеќаваат старите скопјани. 

- Со многу зеленило, малку градби, препознатливи портокалови столчиња на кеј, свеж воздух... Денеска е многу поинакво! 

Во спотот за легендарниот евергрин „Чија си“ на Славе Димитров изведена во далечната 1971 година, се доловени кадри од едно старо Скопје по кое многумина тагуваат!