(ВИДЕО) „Каде ли ти оди гласот?“ - Документарен филм за творешството на Милчо Манчевски

„Каде ли ти оди гласот?“ е насловот на долгометражниот документарен филм за делото на нашиот познат режисер Милчо Манчевски. 

 Манчевски е македонски познат режисер, сценарист, писател, фотограф. "Њујорк тајмс" го вклучи неговиот филм "Пред дождот" (1994) во листата 1.000 најдобри филмови во историјата. 

Неговото творештво се изучува на студиските програми на бројни универзитети како и на средните училишта во Турција и во Италија. 

Манчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видео-спотови, рекламни и играни филмски сценарија. 

„Прашина“, „Врба“, „Пред дождот“, „Сенки“...се само дел од нив, а ова е филмот за неговото творештво.