Видео: Каде има најмногу снег во Македонија?

Во текот на следните денови се очекува да продолжат врнежите од снег на повисоките места и планините, а голема снежна покривка е регистрирана на Попова Шапка.

На Попова Шапка утрово во 7 часот се измерени 84 сантиметри снег, додека во Маврови Анови има 19 см, по што следи Лазарополе со 10 см и Крушево со 6 см снег.