
Гори автомобил среде улица, на влезот во таканаречената „Пластичарска“ во Скопје.
Од видеото што го објави ТВ21, може да се види дека возилото гори на улицата „Македонско-косовска бригада“, односно на раскрсницата помеѓу оваа улица, булеварот „Никола Карев“ и улицата „Славеј Планина“ во Скопјe.
На местото на настанот интервенираше и противпожарно возило.
Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот и дали има повредени.