Видео: Исвиркани делегациите на претседателот Пендаровски и на Владата пред црквата Св.Спас

Група граѓани собрани пред црквата Св. Спас во Скопје, во која што се наоѓа гробот на Гоце Делчев, со свирежи и извици ги пречека и ги испратија официјалните делегации кои дојдоа да одадат почит.

Насобраните граѓани со знамиња со сонцето од Вергина ја исвиркаа делегацијата предводена од претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и владината делегација во која беа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и вицепремиерот Артан Груби.