
Утрово скопјанец сподели видео на кое може да се забележи густ чад низ општина Аеродром.
Во еден од кадрите на видеото се забележува дека е направено во близина на СЦ „Јане Сандански“.
Скопјани сметаат дека состојбата со пожарите на депониите веќе е алармантна, особено што на миризба се жалат и скопјани од Ѓорче, што е на другата страна од градот.