Видео: Градскиот парк една недела по невремето

Иако поминаа цели 7 дена од невремето кое го зафати главниот град и околината, градскиот парк во Скопје сѐ уште е во хаос.

Распаднати дрвја, безброј искршени гранки расфрлени низ зеленилото, преполовени мостови кои во секој момент може да паднат и окторнатите канти за отпадоци даваат постапокалиптична слика за паркот.

Граѓаните кои денеска го посетија градскиот парк беа зачудени зошто надлежните органи, Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило сѐ уште немаат покренато било каква акција за расчистување на нередот кој настана по минатонеделното невреме проследено со дожд, силни ветрови и град.

Забележително беше тоа дека дел од дрвјата кои од корен се извадени, се исечени, што значи дека некој ја искористил приликата да си одвои од градските дрвја за да си обезбеди огрев за зимскиот период.

 

 

Видео: Макфакс