Видео: Голем пожар во ТЦ Лептокарија во Скопје – се запали угостителски објект

Пожар настана утринава во угостителски објект во Трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош.

Жителите на околните згради информираат дека пожарот се рашири многу бргу, а притоа силен чад ги прекри зградите долж булеварот Партизански одреди.