
Голем пожар избувна под скопската обиколница во близина на Визбегово, при што густ црн чад се издига и е видлив од повеќе делови на Скопје.
Според првичните информации, засега не се познати причините за пожарот, ниту што точно е зафатено од огнената стихија, но на социјалните мрежи се појавија видеа кои сведочат дека станува збор за дива депонија во Шуто Оризари.
Дел од порталите пак, споделија дека станува збор за запалена машина за мелење железо на улица 1675 во Шуто Оризари.
Очевидци пријавуваат дека чадот брзо се шири, што укажува на посериозен пожар, додека на терен се очекува интервенција на надлежните служби и повеќе информации за состојбата.