
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа преку видео објава сподели дека континуирано се чистат улиците на Скопје.
„Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик“, истакна Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук, притоа нагласувајќи во коментарите дека се води сметка за сите улици во сите општини.
Градоначалникот порача дека градот заслужува ред, чистота и грижа секој ден.