(ВИДЕО + ФОТО) Промовирани нови спортски содржини во Ѓорче

Во текот на вчерашниот ден, во општина Ѓорче Петров беа промовирани нови спортски содржини - поставени две текбол маси во јавен простор наменет за спорт и рекреација.

„Со ова, создаваме современо место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе градат здрави навики“, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Во објавата на Фејсбук, тој посочи дека инвестицијата е реализирана во партнерство со Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија.