
Синоќа сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје беше во прекин поради тешка сообраќајна незгода, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.
На видеото кое што го сподели Скопје Инфо можеше да се забележи како горат двете возила.
Возилата утрово се уште стојат на местото, но засега не е позната состојбата на возачите.

Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот.