(ВИДЕО) Фламингата во ЗОО Скопје зимава се „преселија“ во внатрешно живеалиште кое е дел од нивната лагуна

Од Зоолошката градина Скопје вчера споделија видео-објава на Фејсбук од нивните големи розови фламинга, кои зимата ја поминуваат во нивното внатрешно живеалиште кое е дел од нивната лагуна.

„Розовата боја на пердувите кај овој вид фламинга потекнува од нивната исхрана и од каротеноидните пигменти што се наоѓаат во алгите и раковите со кои се хранат овие елегантни птици“, објаснуваат од ЗОО Скопје.

Со своите впечатливи розови пердуви, долги нозе и грациозен врат, фламингото често се опишува како „супермодел во светот на птиците“.

Самото име потекнува од шпанскиот збор flamengo, што значи „пламен“, велат од ЗОО Скопје во објавата.