Видео: Еве како изгледа новото игралиште во Долно Лисиче

Со дружба, позитивна енергија, спорт и детски џагор вчера беше отворено новото реконструирано игралиште во Долно Лисиче. 

Реконструкцијата и проширувањето на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче опфати поставување нов асфалт, нови кошаркарски конструкции, пластифицирани табли, нови кошеви и обрачи, како и клупи и канти, со што тоа доби целосно нов лик и подобри услови за спорт и рекреација. 

Еве дел од атмосферата од отворањето на игралиштето: 

Општина Аеродром во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија за оваа намена обезбеди инвестиција вредна над 600.000 денари.