Видео: Електричен тротинет „плови“ по Вардар

Електричните тротинети требаше да им го олеснат превозот на граѓаните низ главниот град, но дел од нив беа уништени и оштетени по само неколку денови.

Како што објави „Курир“, наводно синоќа еден електричен тротинет завршил во реката Вардар во близина на Хром - Влае.

Во изминатите денови беа уништени седум тротинети и четири од нив биле украдени, а на интернет се појавија и снимки од малолетници како ги оштетуваат превозните средства.

Видео: Курир.мк