Видео: Еден ден на скопски „циган пазар“, местото каде може да најдеш се!

„Бувљак“ или како што го викаат скопјани „Циган пазар“ е место каде што буквално може да најдеш се.  Пазарот кој порано беше сместен под скопското кале, од пред неколку години е лоциран кај „Технометал Вардар“ во Маџари. Ова е локацијата која најдобро говори за економската состојба во земјата и каде за жал многу стечајци и невработени се обидуваат да извадат парче леб „колку да не се без ич. 

Таму може да се најде се и сешто – од носена гардероба, бела техника, до сувомеснати, млечни производи и колачиња. Од продавачите со кои поразговаравме, дојдовме до еден заклучок – луѓето во Македонија немаат пари за расфрлање и секогаш се обидуваат да поминат со поевтино.

Еве како изгледа еден ден на „бувљак пазар“: