(Видео) Два земјотреса вчера во Скопје, вториот потрес доаѓа од силниот земјотрес на Света Гора

Два земјотреси беа почувствувани вчера во главниот гард Скопје.  Првиот кој околу пладне, вториот вечерта, по 20 часот. 

- Земјотрес беше почувствуван вчера во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда од 5.0 степени според Рихтеровата скала.

Интензитетот на потресот во нашата земја изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слабо почувствуван од населението.

Овој потрес доаѓа од земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Света Гора во Грција вчера вечер во 21:08 часот по локално време. Потресот предизвикал значителна вознемиреност кај монасите и поклониците и предизвикал материјална штета на манастирските згради.

Пријавени се штети на зградите и во црквата. Во Кареја, административниот центар на Света Гора, се појавиле бројни пукнатини во постарите згради. Во времето на земјотресот, се одржувала служба, а монасите и поклониците истрчале на отворено од страв.

Поклониците кои се нашле во крајбрежните области велат дека земјотресот траел долго време и бил придружен со силен татнеж. Силата на татнежот ја потврдува и видео објавено од грчкиот портал Voria.gr, кое е снимено од надзорна камера, во близина на манастир.