ВИДЕО: Дуото Александар и Дац и „Destiny Quartet“ со прекрасна преработка на „Јовано, Јованке“

Вонвременската македонска песна „Јовано, Јованке“ има нова преработка. Станува збор за заедничкиот проект на „Destiny Quartet“ од Бугарија со Александар и Дац. Преработката е снимана на релација Скопје – Рим – Софија, а новиот аранжман е на Маурицио Абени од Италија.

Квартетот „Destiny Quartet“ го сочинуваат Гери, Ѕвездалина, Лора и Маја, кои свират на виолина, виола и виолончело. Тие направија и видео запис за нивната верзија на песната, насловен „Jovano, Jovanke (Love without frontiers). Како што кажува насловот, пораката што ја пренесуваат Александар, Дац и девојките од квартетот е – за љубовта не постојат граници.