Видео: Долно Лисиче добива модерно кошаркарско игралиште

Започнаа градежните активности за реконструкција и проширување на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче во скопски Аеродром. 

Општина Аеродром во соработка со USAID и општествено одговорна компанија обезбеди инвестиција вредна над 600.000 денари.

-Се поставува нов асфалт и се проширува игралиштето со што ќе добие целосно нов лик. Со ова, Долно Лисиче добива современ простор за спорт и рекреација. Ова е еден од многуте проекти кои ги планираме за ова населено место како дел од нашата општина, порача градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.